Достапни линкови

Хрватското искуство, пример за проучување на изборните модели


Хрватското изборно искуство би можело да биде пример за проучување на изборните модели, во последниве десет години испробани се и мнозинскиот и пропорционалниот, како и сите нивни комбинации, вели професорот на правниот факултет на загребскиот универзитет доктор Јосип Крегар:

Хрватското искуство поради тоа е мошне богато, а заклучокот се состои во тоа дека владите во овие десет години секогаш инсистирале на такви изборни модели што би му одговарале на мнозинството во парламентот, односно на партијата или партиите што се на власт.

Оттаму искуството на Хрватска не е само искуство во примената на различни изборни модели, туку искуство за можноста со нив да се манипулира

Хрватска има богато искуство дека е можно да се манипулира со изборниот модел и изборното законодавство, со тајмингот на распишувањето на изборите кога се е подредено на оние што можат да го одредат изборниот модел.

Токму во оваа смисла доктор Крегар ја гледа најголемата закана за слободни и фер избори

Изборите не се фалсификуваат со тоа што некаде тајно ќе се заокружат гласачките ливчиња. Се работи пред се за можноста да се манипулира со моделот на изборите, дали тој ќе биде мнозински или пропорционален, постојано да се менуваат и артифициелно да се поставуваат границите на изборните единици. А на крајот не е исклучено ниту тоа со системот на броењето на гласовите, односно со отпишување или прогласување на гласачките ливчиња за неважечки да се влијае на резултатите на изборите.

Изборни скандали во Хрватска се регистриран веќе во 90-тата, вели Крегар, но манипулациите не секогаш успеваа:

Така што го доживеавме и крајот на периодот во кој Хрватска практично беше држава во која една партија е на власт.

Кусогледо е и многу опасно да се манипулира со изборите, вели Крегар со порака до сите политичари во предизборието да бидат одговорни

Имено демократијата и изборните системи ќе дадат резултати само ако навистина се чесни, ако навистина бидат израз на вољата на народот.

Истовремено, смета доктор Крегар треба да се работи на тоа луѓето-избирачите сериозно да ги сватат изборите, да ги разберат како можност да ја покажат сопствената одговорност и да решат за својата судбина, а не да ја препуштат на можноста за манипулација и злоупотреба.

Со нетрпение ги очекувам резултатите на изборите во македонија и босна и Херцеговина за кои мислам дека ќе покажат тенденција за стабилизирање на политиката во тие земји

Вели професорот на правниот факултет во Загреб доктор Јосип Крегар.
XS
SM
MD
LG