Достапни линкови

Убиен еден полицаец


34 годишниот резервист Фикри Елмази утрово беше убиен при вооружен напад на десет члена терористичка група на полициската станица во населеното место Боговиње. Веднаш по нападот, групата со две возила, со кои дошла до местото се упатила во непознат правец.

Нападот на полициската станица е извршен рано изутрина во шест часот и четири минути. Елмази, заедно со колегите биле во кругот на полициската станица кога вооружената група отворила оган од автоматски пушки.

Елмази родум од селото Теново загинал на лице место, а другите четворица полицајци не се повредени. Според наши сознанија, убиениот полицаец му е внук на заменик министерот за внатрешни работи Рефет Елмази кој исто така е родум од Теново.

Според полициски извори, сторителите на убиството се идентификувани, а полицијата започна опсежна истрага. Утрово на местото на настанот со увидната екипа беа и претставници на меѓународните организации присутни во Македонија.
XS
SM
MD
LG