Достапни линкови

МВР приведе две лица, меѓународната заедница го осуди инцидентот


МВР приведе две лица за кои се сомнева дека учествувале во нападот врз полициската станица во Боговиње при што животот го загуби еден припадник на резервниот состав на полицијата. Портпаролот на МВР Воислав Зафировски изјави:

„Приведени се во полициска станица двајца, за кои има основано сомневање дека се инволвирани во настанот. А, која и каква е нивната улога дури допрва ќе се работи.“

Според него приведените лица се држајани на:

„Едниот е на Република Македонија, другиот е на СРЈ, од Косово е.“

Претсавнцте на меѓународната заедница во нашава земја го осудуваат последниот напад над полициската станица во селото Боговиње при што жиотот го зауби еден припадник на полицијата.

Ирена Ѓузелова портпол на Европската Унија во Македонија , изјави

„Тоа што можеме да го кажеме дека постојано ги осудуваме насилните акции.“

Таа вели сега засега не може да се каже дека овој настан може да влијае врз иборниот процес

„Затоа што не ги знаеме причините за ова. Како може да кажеме како ќе влијае врз изборниот процес кога едноставно знаеме само дека има еден убиен. Никој не знае зошто. Едноставно, немаме доволно информации за овој инцидент за да можеме да кажеме нешто поконкретно.“

Инаку според агенцијата Макфакс убиениот полиаец Фикри Елмази роден 1967 година е внук на заменик министерот за внатрешни работи Рефет Елмази.
Оваа инфомација од МВР не ја потврдуваат, портпаролот Воислав Зафиовски вели:

„Јас немам таква информација.“

Тој ги демантираше инфрмациите дека е киднапира командирот на полициската станица во Боговиње и дека при нападот има ранети полицајци

„Останатите полицајци се неповредени.“

Инаку во НATO велат дека тие и помагаат на полицијата и надлежните интитуции во расветлувањe на случајот.
XS
SM
MD
LG