Достапни линкови

Москва: Русија ќе преземе мерки ако Грузија не ги уништи чеченските терористи


Доколку Грузија не ги уништи чеченските терористи што се кријат на нејзина територија Русија ќе преземе соодветни мерки. Ова се вели во писмото на рускиот председател Путин испратено до генералниот секретар и членките на Советот за Безбедност на Обединетите Нации. Грузискиот председател Едвард Шеварнадзе од своја страна обвинувањето на Москва и најавите дека ќе интервенира ги оцени како избрзани, и рече дека тие не значат оти Русија има намера да ја нападне Грузија.
XS
SM
MD
LG