Достапни линкови

Заедничка борба против тероризмот


Навистина сме во ова заедно рече американскиот амбасадор Лоренс Батлер зборувајќи за решеноста на САД да се спротистават на корените на нападите од 11 септември со поддршка на меѓународната заедница во кампањата против тероризмот.

Нашата позитивна визија за иднината на народите во мир е соствен дел од потргагата против терористите. Заедничката акција резулатираше во добивка за нашата безбедност рече Батлер.

„Повеќе од 90 држави имаат притворено над 2400 можни терористи и повеќе од 160 држави имаат замрзнато над 100 милиони средства кои што се во врска со терорситичките групи и нивни поддржувачи. Авганистан веќе не е под бруталната контрола на Талибанците и не е рај за терористите. Повеќе од еден и пол милион бегалци се вратија во Авганситан.“

рече Батлер во делот на досега постигантото во кампањата пртив тероризмот. Тој додаде дека битката ќе бара време и спремност во годините што доѓаат при што САД заедно со другите нации и Македонија која меѓу првите земји ја даде својата поддршка, како што рече Батлер мора постојано да ја обновуваме нашата посветеност во поразот на тероризмот, во исто време градејќи подобра иднина за генерациите што доѓаат
11 септември претставува симбол на кукавичко насилство, но во исто време на обединување на светот во одбрана на демократските принципи врз кои е изградена нашата цивилизација оценува македонскиот претседател Борис Трајковски:

„демократите од светот застанаа во одбраната на највисоките цивилизациски вредности и доблести и тие треба да продолжат да го охрабруваат заедничкиот пристап во оформувањето на силен, но одмерен одговор на актуелните и идни закани и опасности. Република Македонија беше една од првите држави што пристапи кон меѓународната коалиција против тероризмот. Таа продолжува да учествува во таа борба во согласност со своите можности и уверувања.“

рече Борис Трајковски кој додаде дека по иборите во Македонија никој не треба да се сомнева дека таа ќе продожи да се движи по патот на демократијата.
XS
SM
MD
LG