Достапни линкови

Комеморација во Њујорк


Во Њујорк и денеска се одбележува годишнината од терористичките напади врз Соединетите држави во кои загинаа повеќе од 3 илјади луѓе. На комеморацијата попладнево ќе присуствуваат државници од 91 земја чии државјани загинаа во нападот, како и лидерите на земјите кои учествуваат на генералното собрание на Обединетите Нации. Комеморации се одржуваат и во речиси целиот свет.

Во чест на пожарникарите кои први им помогнаа на жртвите на терористичките напади, од 5-те општини на Њу Јорк кон местото каде што беа кулите на светскиот трговски центар тргнаа колони граѓани. На овој дел сега наречен ,,нулта точка,, церемонијата е организирана само за семејствата на загинатите во терористичките напади што ги презедоа терористите на Ал Каеда на Осама бин Ладен. Во Њу Јорк на церемониите се присутни официјалните лица од 91 земја чии граѓани загинаа во нападот, како и државниците кои присуствуваат на Генералното Собрание на Обединетите Нации.

„Во името на сите американци им благодарам на милионите луѓе од сите нации, кои ја делат нашата тага за загубените невини животи, и кои ја делат нашата решеност да го тргнеме темниот облак на теророт од нашиот свет.“

изјави американскиот претседател Џорџ Буш. На секоја зграда во Њу Јорк се виори американското знаме,а во многу продавници доминира пораката ,,Ние паметиме,,. Граѓаните се повикани да запалат свеќи на стотина локации во градот. Преземени се големи мерки на безбедност. Пентагон соопшти дека државниот секретар Колин Пауел решил да ги стави во состојба на готовност анти авионските проектили околу Вашингтон. Според Пентагон, распоредувањето на боевите глави започнало минатата ноќ и е мерка на внимателност а не одговор на специфична терористичка закана. Потпретседателот Дик Чејни синоќа е префрлен на тајно место. Тој според американскиот устав, го менува шефот на државата во случај нешто да му се случи на претседателот. Чејни во центарот за стратегиски и меѓунардони студии каде што требаше да се појави испрати снимена порака.

„И покрај прогресот што го постигнавме на сите нас ни е јасно дека сме се уште поблиску до почетокот на оваа војна отколку до нејзиниот крај.“

Околу 20-етина американски дипломатски преставништва во светот се затворени поради безбедносни причини. Комеморации по повод трагедичните настани на 11-септември се одржуваат во речиси целиот свет, а многу светски лидери упатија сочуство и подршка до американскиот претседател Џорџ Буш. Во изјавата на претседателот на Европската Комисија Романо Проди се вели.

„Пред една година светот се смени, и ние мора да се смениме себеси и кога велам себеси мислам на Соединетиоте држави и Европа за да се бориме заедно против тероризмот, небезбедноста, против стравот. “
XS
SM
MD
LG