Достапни линкови

Денеска церемонија во американската амбасада


Во знак на сеќавање на трагедијата што се служи на 11 септември во Њујорк денеска со пригодна церемонија американската амбасада го одбележува овој ден. Дел од пораките содржани во писмата на американскиот претседател Џорџ Буш и на градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг во земјава ги пренесува амбасадорот Лоренс Батлер. За нив говори Џорџ Форнер од американската амабсада во Македонија

„Пораката е дека работиме блиску со припадниците на други нации и се обидуваме да ги ставиме под контролира колу што е можно повеќе терористичките организации кои се формирани да убиват невини , но и да прават раздор мегу лугето во светот.“

Форнер објаснува дека овој ден е повод и за оценка на досегашните активности преземени во борба против меѓународниот тероризам.

На церемонијата се поканети американски државјани, претставници од македонските власти и семејствата на двајцата припадници на македонската армијата кои се на служба во Авганистан.

По терористичките напади извршени во Њујорк и Вашингтон на 11 септември мината година речиси сите држави во светот даваат поддршка во борбата против ова светско зло, во кои се вклучи и Македонија.

Премиерот Георгиевски кој е спречен да учествува на комеморацијата во Вашингтон заблагодарувајќи се на поканата истакнува дека македонската влада ги поддржува напорите на САД и на меѓународната заедница во борбата против тероризмот, од кој и нашава земја претрпе последици изминативе две години.
XS
SM
MD
LG