Достапни линкови

Целта е фер и демократски избори


Фер и демократски избори, мирен 15 ти септември, ова е целта на проектите на Невладината организација ОХО, која изминативе три недели работеше во рамките на НВО- инфоцентарот. „Македонија не смее да ги изгуби овие избори е проектот на ОХО,“ целта ни беше да создадеме „досадна“, мирна изборна атмосфера, вели Пеце Талевски од Невладината организација ОХО.

„Како невладина организација поставивме барање до кандидатите, до претседателите на политичките партии со наслов „Зошто да молчиме?“. Идејата беше дека принципот политичарите да владеат, а народот да молчи е минато. Ние кажуваме зошто баш нам во Македонија ни требаат слободни и демократски избори. Сето ова што ние го работиме и моќта што ја имаме или ја немаме како невладина организација, сепак на некој начин е создавање на хологани, создавање на атмосфера дека Македонија не треба да ги изгуби овие избори, дека не треба да се молчи.“

Во овој предизборени период, лугето научија да се обраЌаат кон т.н. трет сектор, вели Талевски.

„Генерално, идејата на невладиниот инфо-центар беше да има заеднички настап на сите невладини организации коишто работат на вакви проекти.“

Меѓудругото во рамките на Инфоцентарот на невладините организации вели Талевски, докажавме дека „политиката не е монопол само на политичарите.“
XS
SM
MD
LG