Достапни линкови

Пристигнуваат 750 набљудувачи на ОДИХР


Со три специјални лета денеска во Македонија пристнуваат 750 краткорочни монитори на ОДИХР за набљудување на парламентарните избори, со што се финишираат подготовките на ОБСЕ за изборите на 15 септември. Распоредени во два центри, Скопје и Охрид, мониторите на ОБСЕ времето за адаптација ќе го поминат во примарните локации, по што во петок или сабота ќе се распоредат низ целата зеја. За пристигањето и обврските на краткорочните монитори, шефот на набљудувачката мисија на ОДИХР во Скопје, Џулијан Пил Јеитс изјави

„Во вторник, 10 септември пристигаат голем број, стотици, од краткорочните монитори од многу држави од Европа и пошироко, вклучувајќи ги и САД. Тие ќе пристигнат и ќе бидат лоцирани, примарно на две локации, Скопје и Охрид. Тие ќе бидат тука една недела за да се адаптираат, брифираат, тренираат, да бидат распоредени на теренот и да ја исполнат својата примарна обврска, а тоа е набљудување на процесот на гласањето на изборите во недела. По тоа тие ќе се вратат на своите локации во Скопје И Охрид од каде ќе заминат на 17 септември. Тие ќе бидат распоредени низ земјата, за комплетно набљудување на национално ниво. Тие ќе набљудуваат на целата територија на државата.“

За тоа кои области ќе бидат покриени од Скопје, а кои од Охрид, Јеист изјави:

„Од Скопје ние ќе го покриваме северозападот, северот, североистокот И југоистокот од земјата, а од Охрид ќе ја покриваме областа северно од Охрид и областите кон исток, вклучувајќи ги местата како Ресен, Битола, Прилеп, Кавадарци.“
XS
SM
MD
LG