Достапни линкови

logo-print

Штајнер: На Косово нема сили што сакаат да ја дестабилизираат Македонија


Шефот на УНМИК на Косово Михаел Штајнер во денешното интервју за Берлинер Цајтунг негира дека на Косово постојат сили чија цел е дестабилизација на Македонија или на некоја друга соседна земја. Според него, на Косово нема релевантна политичка сила која стои зад нападите во Македонија. „Секако постојат поединци вклучени во терористички акции и поради тоа и натаму ќе има апсења,“ - изјави Штајнер кој оценува дека на Косово мора да биде остварена широка автономија предвидена со Резолуцијата 12-44 на Советот за безбедност на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG