Достапни линкови

Изборите круцијални за стабилизацијата на регионот


Тоа што претстојните парламнтарни избори кај нас се четврти по ред во теоријата се толкува како граница на минување од првата, во стабилната фаза на транзиција, но кај нас поради војната што ја имавме минатата година претстојните избори добиваат поинакво и суштинско знчење.

„Овие избори се покажуваат како круцијални за дефинитивно стабилизирање на политичката карта на Јужниот Балкан и во тие рамки на Македонија посебно.“

оценува Љубомир Фрчковски според кого втор битен аспект на претстојните избори претставува тоа што кај албанскиот политички блок има стабилизирање на дуализмот на блокови. Со тоа што прв пат се појавува уште една голама партија на Албанците во Македонија:

„Тоа е блокот околу Али Ахмети што е исто така значаен елемент за стабилизација на политичката карта во тој дел и создавање на партнери со македонските партии во идни коалиции во власта. Тоа е за Македонија битно, важно, бо тоа во Македонија првпат се случува на овие избори сега. Порано имаше едно вриење, поместување во албанскиот блок какво што немаше во македонскиот, на начин на кој ги дестабилизираше и односите ги правеше докрај непредвидливи. Сега имаме првпат една ваква можност од стабилизација и мислам дека треба таа докрај да се искористи.“

Тоа е можност за стабилизација што треба докрај да се искористи вели Фрчковски според кого на претстојните избори СДСМ И блокот партии оклку него најверојатно ќе формираат политички партнер од групата на блокот на Али Ахмети. Како тоа ќе биде направено и кој се ќе влезе во тој блок останува да се види.

„Мислам дека ќе се ориентираат кон тоа, а не кон барање партнери меѓу Албанците од редовите на ДПА. Тоа е исто така значајно, бидејќи е важно целиот тој блок да се вовлече во политиката и да не остане надвор, бидејќи тогаш имаме можност од продолжување на нестабилноста со неизвесни последици.“

По овие избори тој прогнозира дека ќе дојде до радикална смена на власат.

„Радикална во сите сегменти и нема да има структури од сегашната власт во новата.“

Во тој контекст власта сега покажува голема нервоза со нејзини репресивни изблици, вели Фрчковски алудирајќи особено на најавите на полицијата дека кривично ќе ги гони новинарите кои работеле против интресот на државата. Зборувајќи за мотивот на ДПА И ВМРО-ДПМНЕ да останат во власта тој вели:

„Голем број од луѓето од политичките елити на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА се дојдени буквално од улица во власта и поголем дел од нив немаат каде да одат. Во другите политички елити луѓето на кои им завршува мандатот имаат каде да одат, а овие едноставно немаат каде да одат. Тие се повторно назад на улица, односно губат се.“

Фрчковски смета дека сепак изборите ќе поминат во мирна атмосфера бидејќи тие што според него концепираат инциденти немаат реална моќ да ја дестабилизираат целата политичка слика.

„Имаме среќа што има големо присуство на меѓународната заедница и што таа горе-долу јасно знае што се случува веќе, не може да биде лесно изманипулирана исто како и македонската јавност.“

проценува Фрчковски.
XS
SM
MD
LG