Достапни линкови

Кашмир: Нови инциденти


По двонеделно примирје на индиско – пакистанската граница во Кашмир повторно дојде до судири во кои најмалку еден цивил загинал, а еден е ранет. Според индиски извори врз позициите на армијата во пограничната зона, како и врз едно село во близина, бил отворен артилериски оган од пакистанска страна. Истите извори додаваат дека зад последниот напад веројатно стои намерата на Пакистан да ја дестабилизира ситуацијата во Кашмир пред одржувањето избори во таа провинција.
XS
SM
MD
LG