Достапни линкови

logo-print

Изборите најважниот и најтежок испит за демократијата


Денес кога ја прославуваме 11 годишнината од осамостојуавњето на Република Македонија смиреноста разумот и одговорноста ни се потребни исто колку и во времето кога се донесуваше референдумската одлука за независност, рече претседателот Борис Тарјковски во својот говор по повод денот на независноста.

„Денес се наоѓаме исто така пред ни помалку лесна задача, да се зачува стабилноста и безбедноста на државата и просперитетот на сите нејзини граѓани. Не смееме да дозволиме граѓаните на Република Македонија уште еднаш да имаат дилема, дали државата ќе опстане или не.“

рече Трајковски кој додаде дека наредното десетлетие мора да биде деценија на макотрпна работа за економски просперитет и поголеми цивилизациски достигнувања што ќе не доближат кон европските демократии. Првиот чекор кон тоа е непосредно пред нас:

„Успешното организирање и спроведување на претстојните парламентарни избори. Граѓаните на Република Македонија ќе бидат соочени со најважниот и истовремено најтешкиот испит на демократијата. Наша единствена ордоворност е да се овозможи гласот на народот да биде единствено решавачки при конституирањето на новиот парламент.“

Претседателот на државата во својот Говор ги повика сите граѓани на Македонија на 15-ти септември слободно и без старв да излезат на изборите и да гласаат според сопственото убедување во што како што рече политичките лидери ќе мораат да им помогнат со цел избирачкото право на секој граѓанин да биде заштитено и целосно почитувано.

Тој потенцираше оти изборите изведени според демократските стандарди ќе бидат една потврда

„Дека и покрај огромните предизвици со кои се соочуваме, и покрај кризите, сепак граѓаните на Република Македонија се способни и решени да изградат поубава иднина за сите нас. Да ги остават сите лоши предвидувања и сценарија што изминатите недели ги слушаме од оние кои не и мислат добро на нашата земја.“

Во периодот што е пред нас интензивно треба да работиме да ги решиме нашите најголеми внатрешни проблеми – враќање на безбедноста и мирот на сите делови на државата на раселните лица и почитување на законот, а во иствреме да се посветиме на намалување на сиромаштијата и невработеноста рече претседателот на државата.
XS
SM
MD
LG