Достапни линкови

Почнува изградба на продуктовод на „Окта“ кон Косово


Од денеска во рафинеријата Окта започнуваат градежните работи за изградба на продуктотоводот кој треба да се протега од Скопје до Приштина. Според најавите на извршниот директор на оваа компанија Емануел Малелис годишно преку оваа инсталација ќе се транспортираат по 300,000 тони готови деривати, а целата инвестиција треба да биде реализирана во рок од 18 до 24 месеци.

„Ќе биде 900 километри, ќе чини 40 милиони евра, а најголем дел од средствата ќе бидат од помошта од грчката влада за реконструкција, а преостанатото ќе се даде од Окта.“

Почетокот на изградбата на овој продуктовод ја потврдува тезата дека инсталцијата Скопје-Солун која официјално беше пуштена во употреба на 2 јули не е нафтовод туку продуктовод. Аргументот е, досега во рафинеријата „Окта“ не пристигнала ниту една капка нафта, а „Окта“ не работи од 22 фебруари оваа година.

Според експертите од оваа област се чека финиширањето на изградбата и на овој продуктовод по кој период сопствениците на „Окта“ наместо да вршат преработка на нафта во рафинеријата директно од Солун во регионот Ќе пласираат готови нафтени деривати.

И Малелис признава дека Косово е интересно трговско подрачје за пласирање на готови нафтени деривати

„Косово користи 15,000 тони месечно и тоа може да ни помогне многу како рафинерија, а со поставувањето на овој нафтовод Окта ќе се обраќа на население од 4 милиони.“

Проблемот се јавува што во договорот за продажба на „Окта“ оваа компанија има право да увезува нафтени деривати, само 20% од вкупното количество преработена нафта. Во случајот имаме рафинерија чија главна дејност е трговијата со нафтени деривати.
XS
SM
MD
LG