Достапни линкови

logo-print

Кемп Дејвид: Средба Буш – Блер, Хусеин во фокусот


Ирачкиот лидер Садам Хусеин и сомневањата дека Ирак развива оружје за масовно уништување се очекува да бидат во фокусот на разговорите меѓу американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер. Тие ќе се сретнат во Кемп Дејвид во близина на Вашингтон. Буш и Блер претходно имаа одвоени телефонски консултации со лидерите на Русија, Франција и кина. Извештаите говорат дека председателите Путин, Ширак и Цемин ја повториле својата воздржаност и резерви околу можноста за воен напад врз Ирак.
XS
SM
MD
LG