Достапни линкови

Договорено зголемување на безбедноста во тетовскиот регион


При вчерашната посета на високиот преставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ во Македонија Хавиер Солана, со Македонскиот државен врв и политичките партии договорени конкретни работи за зголемување на безбедноста во Тетовскиот регион.

„Ние се договоривме со цел да се одржи стабилноста во кризните региони да има ноќни патроли во Тетовскиот регион сосотавени од полицајци преставници на ОБСЕ и ЕУ за да се зголеми довербата и луѓето да излезат на гласање“

изјави Солана кој порача:

„Оваа кампања треба да биде кампања со толеранција да не се вратиме во минатото тука да гледам кон конструктивната иднинат бидејки минатото е завршено,“

истакна тој .

Солана се сретна со лидерите на партиите потписнички на Рамковниот Договор како и за прв пат со претставниците на ДУИ, Агрон Буџаку и Азиз Положани.
По средбата лидерот на ДПА, Арбен Џафери изјави:

„Побарав да се ангажира да се решат некои грливи проблеми. Мислам дека за мирот во регионот е важно да се признае статусот на самостојна држава на Косово, што ствара голема нервоза кај Албанците.“

По што следи демант од Солана:

„Ние не разговрвме за регионални прашања туку се концетриравме само на пробемите и ситуацијата овде во Македонија.“

Додека лидерот на ПДП Абдурахман Алили на Џафери му порача:

„Тоа не е задача наша тука, да се залагаме за нешто што е на Косово или во Албанија. Наша задача е да се занимаваме со нашите работи. Косово има своја влада, свој парламент, свои политички партии, така што сметам дека тоа е неповикано мешање во туѓи работи.“
XS
SM
MD
LG