Достапни линкови

Експлозија во ресторанот „Бизнис“


Силна детонација рано изутрина ги разбуди жителите на скопскта насеба Чаир кога непознати сторители подметнале бомба пред ресторанот „Бизнис“ во сопственост на Албанец.

„Јавија на телефон некои другари дека има експлоозија и дека експлозијата била надвор.“

рече сопстевникот на ресторанот во чија внатрешност бомбата предизвика поголема материјална штета. Од стаклата што се одбиле со експлозијата искршени се неколку прозорци на околните згради при што едено 12 годишно дете е полесно повредено со стакло во ногата додека спиело.

„Стаклото кога се скрши падна врз неговата нога и почна да крвари, па го однесовме в болница,“

вели родителот на детето кој е турски државајни кој привремено дошол во Македонија. Дел од стаклата паднале и во детската градинка што се наоѓа во непосредна близина на ресторанот.

Не разбуди сите, околу 3:30, излеговме на балкон, гледам пукаат стакла.

Ја запалив сијалицата, што да видам, стаклата искршени на четири прозорци...

Нека реагира полицијата, што ние! Ние спиеме, тие пукаат!


реагираат жители на Чаир. Полицијата направила увид на настанот

„Се преземаат активности за утврдување на видот на експлозивната направа и се разбира за пронаоѓање и фаќање на сторителите.“

рече полицискиот портпарол Воислав Зафировски.

Во објектот „Бизнис“ ова е втор случај на подметнување бомба. Во изминативе две недели ова е 4- та по ред детонација што ја слушнаа чаирчани, откако претходно експлозивни направи беа подметнати во близина на партискиот штаб на партијата на Али Ахмети.
XS
SM
MD
LG