Достапни линкови

logo-print

Претстојните избори може да бидат нарушени


Престојните парламентарни избори во Македонија би можеле да бидат нарушени. Како кампањата влегува во последните недели, така зачестуваат инцидентите. Со помош на меѓународната заедница, во минатата година беше спречено меѓу-етничките тензии да прераснат во граѓанска војна. Меѓутоа, престојните избори се важен тест за зачувувањето на стабилноста на Македонија, пишува Вол Стрит Журнал. Помирувањето во демократска и унитарна Македонија е основната цел на Европската Унија и НАТО, кои испратија трупи, инвестираа финансиски и политички за да ја спасат државата од распаѓање. Природата на натамошното ангажирање на Западот ќе зависи од престојното гласање на изборите, оценува весникот. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, според последните истражувања на јавното мислење, има слаб рејтинг, во некои случаи е рангирана и зад партијата на Али Ахмети. Иако овие анкети не се докрај релевантни, опозициониот СДСМ би можел да освои најмногу гласови кај Македонците, а евентуалната коалиција меѓу нив и умерените албански политички субјекти ќе овозможи војниците на НАТО да се повлечат од државата во наредниот месец или барем се намали военото присуство на Западот, наведува Вол Стрит Журнал. Меѓутоа, во Македонија сеуште постои опасност од радикализација, а на тоа укажуваат и последните инциденти со убиството на полицајците и новите киднапирања. Инцидентите останаа неразјаснети, а Западните дипломати ги осомничија тврдите линии на Македонците и на Албанците дека се обидуваат да го радикализираат електоратот пред изборите. Некои албанци сеуште го сонуваат сонот за Голема Албанија, но НАТО и Европската Унија покажаа дека имаат намера да ја зачуваат Македонија стабилна, заклучува весникот Вол Стрит Журнал.
XS
SM
MD
LG