Достапни линкови

Изборите мора да бидат фер и демократски


Изборниот процес во земјава мора да биде успешен, порача високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Хавиер Солана, по пристигнувањето во земјава.

„Како што знаете јас доаѓав редовно, а сега не сум бил подолго време и сакам да се видам со лидерите во земјава и да анализирам со нив како се спроведува охридскиот договор, што во овој момент е важен за Македонија.“

Солана со сугестии до политичките лидери, но и воошто сите граѓани во земјава

„Па, мислам дека најважна порака е оти изборниот процес мора да биде фер и демократски, за земјава да продолжи да се движи во вистинска насока на политички и економсски план и да се интегрира во европските структури.“

Тој оценува дека Македонија не се наоѓа во опасност во предизборниот период и вели дека ќе се сретне со сите оние кои ќе изразат војла за тоа.

На прашањето дали ќе се сретне со лидерот на Демокртаската унија за интеграција на Албанците, Ахмети, Солана вели дека ќе се разговара само со претставници на оваа партија.

За претстојните парламентарни избори и за спроведувањето на охридскиот договор, високиот претставник на Европската Унија попладнето разговараше со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, шефот на државава, Борис Тарјковски и претседателот на Собранието Стојан Андов. Во тек се средби со лидерите на СДСМ, ДПА, ПДП и претставници од ДУИ, а доцна веерва тој се среќава и со амбасадорите на земјите членки на Европската унија во земјава.
XS
SM
MD
LG