Достапни линкови

Садам Хусеин треба да биде отстранет


Американскиот претседател Џорџ Буш во Конгресот ја објасни неговата политика кон Ирак, додека секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд ги брифираше сенаторите зад затворена врата. Американскиот претседател изјави дека Садам Хусеин треба да биде отстранет од власта во Багдад поради неговата намера да натрупа оружје за масовно уништување, вклучувајки го и можното нуклеарно оружје.

„Во вистинското време администрацијата ќе побара дозвола од Конгресот за да се справи со оваа закана. Во исто време јас ќе продолжам да работам со нашите пријатели во светот.“

изјави Џорџ Буш. Во Багдад ирачкиот претседател Садам Хусеин повтори дека се залага за решение поврзано со враќање на инспекторите на Обединетите Нации и симнување на санкциите воведени против Ирак по нападот врз Кувајт пред речиси 12 години. Порпаролот на Белата Куќа Ари Флечер објасни дека претседателот Буш сака инспекторите да се вратат во Ирак но дека вистинското прашање е разоружувањето.

„Ирак мора да покаже дека е посветен на разоружувањето, не само да им дозволи на инспекторите и да ја продолжи играта меѓу мачката и глушецот. Целта е светот да знае дека Садам Хусеин е посветен на разоружувањето.“

Американскиот претседател најави дека в сабота во Кемп Дејвид во врска со Ирак ќе разговара со британскиот премиер Тони Блер, најсилниот подржувач на Вашингтон во политиката против режимот на Садам Хусеин, а телефонски ќе се консултира и со лидерите на Кина , Русија и Франција. Буш на оваа тема ќе зборува и на генералното заседание на Обединетите Нации на 12 септември. Никој не се сомнева во американската способност сами да го тргнат Садам Хусеин од власта, но како што изјави лидерот на мнозинството во Сенатот Том Дашл, унилатералната акција може да има неповолни консенквенци, токму по обвинувањата за американскиот унилатерализам.
XS
SM
MD
LG