Достапни линкови

Општите избори беа историски, локалните чекор напред


Претстојните локални избори на Косово се чекор напред во функционирањето на институциите, а изборите воопшто на овие балкански простори – секогаш се шанса повеќе, оценува поранешниот југослословенски и косовски политичар, а сега адвокат во Приштина Азем Власи.

Ако минатите општи избори на Косово беа наречени историски, поради тоа што беа први, повеќепартиски и слободни тогаш, вели Азем Власи, претстојните локални, што ќе се одржат на 26 октомври, секако се голем чекор напред во консолидирањето и подоброто функционирање на локалната власт

„А функционирањето на локалната власт на Косово е од битно значење за функционирањето на инситуциите на Косово воопшто, во една нова изменета состојба.“

Фактот што изборите на Косово ги организира и спроведува Меѓународната заедница за Азем Власи е голема предност:

„Затоа што меѓународните субјекти се тука за да ни помогнат во организацијата и во примената на сите оние мерила и стандарди познати во демократскиот свет, во организациона, но и во финанскиска смисла. Но изборите се слободни и потполно фер – и на нив слободната воља на граѓаните доаѓа до потполн израз.“

А изборите, не само на Косово, туку и на балканските, поранешни југословенски простори имаат една заедничка карактеристика – тие во земјите што минуваат низ една фаза на консолидирање се начинот на кој се доаѓа до што подобар квалитет во органите на власта, смета Власи

„Има многу такви што би сакале преку избори да дојдат на власт, а сеуште се оптеретени со инерцијата на старите односи. Тоа е неизбежно, и е карактеристика на сите средини. Но сепак секои нови избори доведуваат до условно речено “прочистувања“ кои создаваат шанса за нови луѓе. Луѓе кои имаат сосем поинаков поглед на односите во регионов, на европските интеграции и воопшто организација на општествата, на овие балкански, поранешни Југословенски простори, на начин на кој функционираат европските демократии,“

смета Азем Власи.
XS
SM
MD
LG