Достапни линкови

Двајца убиени и еден тешко повреден


Двајца убиени браќа од селото Горно Седларце и еден повреден такси возач е билансот во денешниот напад на непознати вооружени лица врз такси возило марка голф со тетовски регистарски таблички.

Според полициски извори, двајцата браќа, Ејуп и Имерзеди Рустеми околу 6:30 утрово со такси возило тргнале од родното Горно Седларце кон Тетово каде што работеле. 15 минути подоцна на клучката кај селото Жеровјане биле престасани од патничко моторно возило марка БМВ без регистарски таблички. Во моментот кога возилата се порамниле на патот, возилото БМВ удрило во таксито по што двете возила застанале.

Тогаш пд БМВ-то излегле неколку вооружени лица кои со огнено оружје стрелале кон лицата во таксито. Едниот од браќата Ејуп, бил усмртен на самото место, додека 36 годишниот такси возач Џемал Селами и 35 годишниот Имер Уфтеми биле тешко повредени.

Повредените итно биле пренесени во медицинскиот центар во Тетово, а Имерзеди Рустеми по пат им подлегнал на повредите. Еве што вели директорот на тетовската болница Др. Раим Тачи во врска со настанот:

„Околу 7 часот тука се примени еден ранет и еден без знаци на живот. Ранетиот е Џемали Селмани, роден 1966 година, од Горно Седларце со прострелна рана во пределот на коленото, а починатиот е Имерзеди Рустеми, роден 1966 година, исто така од Горно Седларце.“

Инаку браќата Рустеми беа сопственици на менувачницата Соник лоцирана во зградата на градското пазариште.
XS
SM
MD
LG