Достапни линкови

Јоханесбург: Ирак е подготвен да соработува со ОН


Ирак е подготвен да соработува со Обединетите нации за да се изнајде разумно решение за сите отворени прашања. Ова по средбата со генералниот секретар на Светската Организација Кофи Анан го изјави ирачкиот заменик премиер Тарик Азиз. Поради стравувањето дека развива оружје за масовно уништување и одбивањето да ги врати инспекторите на Обединетите Нации , Соединетите Држави се залагаат за интервенција за соборување на режимот на ирачкиот претседател Садам Хусеин.
XS
SM
MD
LG