Достапни линкови

Мировниците на ЕУ нема да ги заменат НАТО трупите во Македонија


Безбедносните сили на Европската Унија нема да ја заменат мировната мисија на НАТО лисиците по завршувањето на нивниот мандат на 26 октомври, велат диполамтски извори. Прво треба да се реши проблемот со Турција која е членка на НАТО, но не и на Европската Унија. Значи таа треба да се согласи со барањето на ЕУ за делување на нејзините сили и во земјите членки на НАТО, а не само на Унијата. Поради ова подготовките во Брисел за испраќање на европските безбедносни сили во Македонија сеуште не се завршени, имаше еден обид за решавање на ова прашање во кој посредуваа Велика Британија, и САД, но тие беа неуспешни, велат истите извори и додаваат дека прво треба да се почека да поминат изборите во Турција закажни за 3 ноември, односно да се формира влада со која ќе започнат разговори на оваа тема.

Во НАТО велат дека тие не добиле барање од македонската влада за продолжување или пак промена на мандатот на лисиците:

„За ова прашање досега нема никакво формално барање, ние го очекуваме по изборите. Новата влада треба да каже за мандатот и да донесе одлука дали ќе поднесе формално барање за продолжување на мандатот или не. И секако ако поднесат тоа ќе го разгледа советот на НАТО и ќе донесе одлука.“

изјави Крег Ратклиф портпарол на мисијата на алијансата
Во Европската унија пак се надеваат дека наскоро нема да има потреба од присуство на воени сили во Македонија.

„Како што знаеме мандатот на НАТО лисиците брзо ќе заврши но останува на македонските власти да одлучат дали е потребно воено присуство.“

вели Ирена Ѓузелова која сепак потврдува дека има разговори на различни нивоа за преземање на ингеренциите на НАТО лисиците од европските безбедносни сили, но дека сеуште не е постиигнат финален договор.
XS
SM
MD
LG