Достапни линкови

30 вработени на „Македонка“ штрајкуваат со глад


Почнувајќи од 10 часот претпладне 30 вработени на „Македонка“ го започнаа штрајкот со глад се со цел да се изврши притсок врз владата да изнајде начин за побрзо рестартирање на ова фабрика која има статус на ликвидирана компанија од 1.јануари 2002 година.

Заинтересирани купувачи има, но фабриката и понатаму свесно не се продава и континуирано се разграбува, тврдат вработените на „Македонка“

„го организираме овој штрајк со глад затоа што сегашната влада не излезе во пресрет на нашите барања нашата фирма да се рестартира на побрз начин за да можат вработените да се вратат на работа.“

вели Драгица Лазаревска една од 30-те вработени во „Македонка“ која штрајкува со глад. За неполни два месеци 2,476 вработени од оваа компанија ќе останат и без својот единствен приход така наречен месечен надоместок од 3,400 денари што значи во иднина ќе неможат да ги покријат најосновните потреби за својата и така гола егзистенција.

„До кога планирате да штрајкувате со глад?

Се додека не се обратат кај нас и не ни кажат што размислуваат. Имаме стратешки партнер од странство. Меѓутоа, овдешните, наши луѓе сакаат да ја рсцепкаат фирмата за натаму да можат многу полесно да работат и да профитираат, додека нам на вработените никој не ни гарантира дека ќе бидеме вратени на работа.“


Претседателот на стечајниот судски совет од Штип, претседателот на одборот на доверители на македонска и стечајните управници на осум друштва се главните играчи на нечистата игра која ја уништува „Македонка“ тврди претседателот на синдикатот на „Македонка“ Доне Димовски

„Играта нивна е очигледно до изборите или по изборите да не се разреши проблемот на „Македонка“, односно вработените да продолжат да живеат во агонија.“

Штрајкот нема да го прекинеме се додека резултатите не бидат позитивни за нас, бидејќи друга алтернатива и немаме велат вработените на „Македонка“.

„Ќе истраеме сите заеднички за да си ги добиеме нашите права. Ние сакаме да живееме нормално како и сите луѓе.“
XS
SM
MD
LG