Достапни линкови

Киднаперите тесно поврзани со Али Ахмети


Според МВР групата која во четвртокот киднапираше пет лица е тесно поврзана со лидерот на ДУИ Али Ахмети

„И требаше фактички да испровоцира вклучување на Али Ахмети во ослободувањето на заложниците со што Али Ахмети би се промовирал како миротворец.“

изјави портпаролот на МВР Воислав Зафировски. Додека портпаролот на ДУИ Агрон Буџаку вели:

„Сега се што се случува во Македонија изгледа дека портпаролот или министерството го користат да го обвинат нашиот претседател кој нема никаква врска со киднаперите. А за она што се случува не може истовремено да се обвинува и Али Ахмети и АНА, кога АНА од друга страна не обвинува и не напаѓа нас.“

Оваа група броела 12 до 15 лица, а дел од нив веќе се префрлени на косовска страна тврди Зафировски:

„Проценката е варијабилна. Реков, 12 до 15 лица, а во селото каде што се држени киднапираните, биле вклучени уште дваесетина униформирани и вооружени лица. Значи, вкупната бројка е некаде 30 до 35 лица.“

Тој демантира дека некој член на министерството контактирал со киднаперитe, а и пишувањето на весникот „Факти“ дека еден од притворените другар на киднаперите е пуштен на слобода:

„Ниту еден не е пуштен. Може тоа да си го проверите со другите, ќе ви дадат информација.“

Министерството за Внатрешни работи иако располга со дел од имињата на киднаперите, поради недостиг на докази поднела кривична пријава против непознат сторител.

Додека за зачестените инцидeнти односно напaди на изборните штабови во населбата Чаир, Зафировски изјави:

„Полицијата презема мерки за дополнително обезбедување на овие канцеларии, но тоа не е некаков екстра-ангажман.“
XS
SM
MD
LG