Достапни линкови

Јоханесбург: Продолжува самитот за планетата Земја


Во Јоханесбург продолжува самитот за планетата Земја на кој учествуваат 10 шефови на држави и влади. Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан денеска упати апел до светските лидери да ги предводат напорите за спречување на сиромаштијата и уништувањето на животната средина. Денеска на дневен ред се изворите на енергијата и нејзиното користење. Вчера беше обработена темата за трговските односи и беше постигнат компромис за постепено намалување на земјоделските субвенции на богатите земји кои неразвиените ги обвинуваат за осиромашување на нивните земјоделци.
XS
SM
MD
LG