Достапни линкови

logo-print

Данска: ЕУ го усвои данскиот план за решавање на блискоисточната криза


Шефовите на дипломатиите на државите членки на Европската Унија го подржаа планот за решавање на блискоисточната криза предложен од Данска. Со него се предвидува воспоставување палестинска држава до 2005 година. На неформалната средба на европските министри се разговара и за заземање заеднички став во однос на американското неприфаќање на меѓународниот кривичен суд. Британија и Италија изразија подготвеност да потпишат спогодба со Вашингтон за имунитет на американските мировници пред новооснованиот меѓународен суд.
XS
SM
MD
LG