Достапни линкови

Настанот осуден, ситуацијата напната


Остро го судуваме киднапирањето на пет лица на патот Тетово Гостивара и бараме нивно итно ослободување стои во заедничката изјава на преставникот на ЕУ Ален Лероа, американскиот амбасадор Лоренс Батлер, на НАТО Николас Бигман и Обсе Крег Џенес.

Американскиот амбасадор Лоренс Батлер по средбата со претседателот Борис Трајковски и министерот за одбрана Владо Поповски изјави:

„Дискутиравме за тоа како ќе и помогнеме на владата да го реши случајот со киднапираните лица, немаме прецизни детали, го осудуваме овој случај и нема оправдување за насилство и за криминалните методи за било кои цели. Веруваме дека Владата ќе преземе соодветни мерки за сигурно ослободување на заложниците.“

Во заедничката изјава се повикуваат албанските лидери да им помогнат на властите за да се изнајде најмирниот начин за разврска на овој случај, а истовремено се апелира и до локалното население целосно да соработува со властите за да помагнат во ослободувае на киднпираните лица.

Со заедничка изјава се огласија и албанските политички лидери во која се вели: „Најостро го осудуваме грабнувањето на невините граѓани и бараме тие веднаш да бидат ослободени. Во соопштението се наведува дека овие партии бараат итно прекинување на движењата и позиционирањето на полициско воените сили низ населните места и патишта главно во Западна Македонија, а се повикува албанскиот народ да остане ладноквен и да покаже смиреност и оздржаност се вели во соопштението потпишано од лидерите на ПДП Абдурахман Алити, ДПА Арбен Џафери, ДУИ Али Ахмети и НДП Кастриот Хаџиреџа.

Инаку ситуацијата е напната на патот Скопје - Тетово стационирани се неколку транспортери на МВР кои се во очекување на наредба за да продолжат кон Гостивар, односно да започнат акција за ослободување на кидапираните лица Сергеј Филиповски, Богољуб Јанковски, Ацо Поповски, Сашо Вучетиќ и Ѕвонко Спасовски од кои според неофицијални информацции еден е припадник на специјалните сили Тигри додека друг на единицата за Брза интервенција Лавови.

Во контекст на ова МВР апелира до припадниците на терористичката група да ги ослободат киднапираните лица бидејки во спротивно МВР ќе ги преземе сите неопходни мерки и активности за нивно ослободување предвидени со уставот и со законите на РМ.

МВР го повикува мирољубивото население од околината на селата горна и долна Лешница поради безбедносни причини во текот на попладневните и ноќните часови да останат во своите домови.
XS
SM
MD
LG