Достапни линкови

Граѓаните загрижени од присуството на паравоени групи


Многу граѓани се загрижени од посебните безбедносни сили и паравоените групи кои ги сметаат за заплашувачки, а нивното присуство на митинзите и на другите политички настани го намалува, а не го зголемува чувството на сигуност кај граѓаните, стои во извештајот на Меѓународната предизборна дегација организирана од Американкиот Национален Демократски Институт.

„Убиството на двајцата полицајци кај Гостивар, нападите врз политичките партии во Скопје како и блокадите на патиштата заканите за насилство кон граѓаните кои сакаат да учествуваат во политичките митинзи ги засилија тензиите во земјата и сериозно го поставија прашањето за тоа колку слобода на движење на граѓаните и политички атвности може да има за време на оваа кампања,“

изјави шефот на делгацијата Лорд Џон Олдрдајс, инаку претседавач на Собранието на Северна Ирска и член на британскиот Дом на Лордовите.

Тој со порака до граѓаните и политичките партии:

„Затоа апелираме до обичните луѓе и цивилното опшество да се вклучат заедно со меѓунардната заедница во налудувањето на иборите. Исто така апелираме и до политичките партии и нивните лидери одговорно да се однесуваат при нивните настапи.“

Ова јасно влошување на ситуацијата особено разочарува со оглед на чекорите преземени во последните месеци кои од време на време даваа причини за одмерен оптимизам дека престојните избори ќе бидат подобри за разлика од претходните, се вели во денешниот извештај на Меѓународната предизборна Дегација организираа од Американскиот Национален Демократски Институт.
XS
SM
MD
LG