Достапни линкови

За учениците Албанци ќе се гради нова зграда


На локации на два различни делови на градот каде можноста учениците меѓу себе да се сретнат е минимална доскорешните соученици од етнички мешаната скопска гимназија „Зеф Љуш Марку“ се планира да ја отпочнат наредната учебна година.

На оваа идеа мнистрството за образование практично работи со поставувањето темели за нова училишна зграда на територија што е населена со поголем број граѓани од албанска националност.

Додека едните ќе учат и ќе живеат на левата страна на реката Вардар во скопската населба Чаир учениците од македонска националност образованието ќе го продолжат во зградата на ГУЦ во Карпош.

„Албанци се повеќе на оваа страна: во Чаир и Гази Баба сите се Албанци, а во Карпош ни беше многу далеку.“

„Типично за Чаир и Топаанско Поле, преку Вардар, ние Македонците имаме другари од таму и немаме никакви проблеми со нив.“

Оценуваат Горан и Беким ученици на Зеф Љуш Марку од кои сепак не слушнавме сериозни аргументи дека идеата за мултиетничност во случајот на оваа гимнзија е исцрпена туку дека таа е можеби изместена.

Одлуката за поделба на училиштето е многу лоша порака за интегративните процеси во држава оценува ДР Емилија Симовска од институтот за социлошки и политички истражувања и поранешен мнистер за образование која посетува дека:

„Како мешовита гимназија, некогаш мошне успешна, секогаш беше трн во око на албанските и на македонските националисти.“

вели Др. Симовска која во таа смисла гледа на практичниот потег на актулните претставници на државата на кои им појде од рака да ја дислоцираат гимнзијата.

„Тоа претставува сериозен удар на процесите на интеграција во земјава.“

Но, актулниот министр за образование не гледа дека поделбата на гизмназијата по етничка линија на два дела во градот е штетен чекор.

„Секако дека е негативно да се прави тоа, но едноставно, ние тоа ниту го поттикнуваме, ниту како што беше во претходниот систем, се обидуваме луѓето со сила да ги мешаме.“

објаснува Новковски. Др Симовска упатува на поинаков приод:

„секаде каде што имате проблем со меѓуетнички конфликт меѓу две групи, последно по што би посегнале луѓе кои би сакале да го надминат тоа - е поделбата.“

директорот на училиштето во Чаир рече дека е повеќе среќен оти неговите ученици за да се образуваат повеќе нема да имаат повеке потреба да патуваат до Карпош. Евентулно тој напор може ќе се направи кога некогашните соученици ќе поасакаат да се сретнат:

„па, ќе излеземе во град и ќе се дружиме.“

оптимистичен е Беким.
XS
SM
MD
LG