Достапни линкови

Москва: Путин ја обвини Грузија


Рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш ја обвини Грузија дека им дозволила на чеченските бунтовници да ја користат клисурата Панкиси за база од која извршуваат напади врз Русија. Путин Грузија ја спореди со Авганистан кој, како што наведе, и дозволил на Ал Каида таму да ги подготвува терористичките напади врз Америка. Претходно, грузискиот претседател Едуард Шеварднаѕе изјави дека во Панкиси нема чеченски бунтовници.
XS
SM
MD
LG