Достапни линкови

Започна едукацијата на гласачите


Државната Изборна Комисија започна со едукација на регионалните изборни единици, граѓаните а заклучен е изводот на избирачкиот список за специфичната категорија гласачи, раселени лица, војници и затвореници.

„Од Министерството за правда ги добивме изводите од избирачкиот список на кои се наведени раселените лица, потоа лицата кои се на издржување затворска казна, кои се во притвор, како и на војниците за кои треба да се подготват општинските изборни комисии – да ги посетат овие единици, потоа да организираат избори за раселените и за затворениците.“

изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски кој додаде

„Вчера Државната изборна комисија започна едукација на регионалните изборни комисии, така што членови од ДИК вчера ги посетија Тетово и Куманово, а денеска и регионалните изборни комисии во Струмица и во Штип, каде што со претставниците на регионалните комисии и со други учесници во изборниот процес ќе можат да разјаснат одредени дилеми во врска со спроведувањето на изборите.“

претседателот на регионалната изборна единица 2 Кумановска Исмаил Лимани вели:

„Сега следи едукација на општинските изборни комисии и на избирачките одбори.“

Оваа изборна единица брои 278 илјади и 674 гласачи , а за 20 пратенички места пријавени се 28 листи од кои 22 политички партии на изборите одат самостојно. Освен Куманово изборната еиница 2 според претседаелот Лимани ги опфаќа и

„општините Липково и Старо Нагоричане, Чаир со општините Чучер-Сандево, Шуро Оризари и Ѓорче Петров, како и Гази Баба и Арачиново.“

Додека во 6 изборна единица Тетовска право на глас имаат 277 илјади 782 гласачи .

„регионалната изборна комисија број 6 ги покрива општините Тетово, Гостивар и Дебар, а во нивни рамки, нормално, влегуваат и други новоформирани општини.“

изјави заменик претседателот на регионалната избона единица 6 Беќир Зѕлфиу .

Инаку оваа единица се каректеризира со тоа што четворицата лидери на албанките политики партии, ДПА, ПДП, ДУИ и НДП се предводици на нивните кандидатски листи.
XS
SM
MD
LG