Достапни линкови

Оценка за подготовките за изборите


Заедничка делегација на парламентарните собранија на Советот на Европа и ОБСЕ денеска и утре претстојува во земјава за да оцени до каде се подготовките за претстојните парламентарни избори закажани за 15 септември.

Претставниците на средбите со претседателот за Собранието, Стојан Андов, членови на делегациите на македонскиот парламент во Собранијата на овие мегународни организации, со невладини организации кои се вклучени во набњудувањето на изборите разговараат за предизборната атмосфера во земјава. Со цел да добие слика за ситуацијата на теренот делегацијата се среќава и со шефот на мониторинг мисијата на ОБСЕ во земјава од која веќе има 23 долгорочни набљудувачи распоредени на територијата на цела Македонија и 19 мегународни експерти кои работат од штабот во Скопје.

Предизборната мисија на Советот на Европа која деновиве е во земјава ја сочинуваат пет члена од Швајцарија, Хрватска, Германија, Азербејџан и Кипар.
Македонскиот амбасдор во Советот на Европа, Звонимир Јанкулоски вели дека бројкот на набљудувачи од оваа организација не е многу голем

„Идејата на Советот генерално во набљудувањето на изборите е поинаква и се очекува да дадат поттик за фер и демократски избори.“

Инаку претстојните парламентарни избори ќе ги набљудуваат околу 1000 мегународни набљудувачи од кои најголемиот број се од Канцеларијата за демократски институции и човекови права при ОБСЕ, но и од парламентарното собрание на оваа организација, како и од Советот на Европа и Европската Унија.
XS
SM
MD
LG