Достапни линкови

logo-print

Љубе Бошковски не бил во Албанија


На информацијата од албанските медиуми дека Министерството за Внатрешни Работи на Република Албанија издала наредба да не му се дозволи влез на македонскиот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски во Албанија, кој вчера требал да учествува на церемонијата на поставување камен темелник на црква во Мала Преспа, директорот на пограничната полиција на Албанија Кренар Муча за Слободна Европа изјави:

„Таква наредба не е дадена. Министерот не се појавил воопшто на граница. Во Мала Преспа се одржуваше некоја церемонија, а таму присуствувал само македонскиот амбасадор. Барање или пак соопштение дека тој ќе ја посети Албанија немало,“ изјави Муча.

Понатаму во веста пренесена од Албанските гласила стои дека, по добивањето на информациите дека Бошковски треба да ја посети Албанија, официјална Тирана ги алармирала полициските сили и албанската разузнавачка служба и во раните утрински часови во реонот на Мала Преспа биле стационирани голем број полициски сили, а било засилено граничното обезбедување на преминот Горица каде што било предвидено министерот Бошковски да ја мине границата и да влезе во Албанија.

На ова Министерот Бошковски за Радио Слободна Европа демантира дека вчера требало да оди во Мала Преспа:

„Јас во Мала Преспа ќе одам не знам дали за месец, можеби тоа ќе биде предизборие, можеби тоа ќе го направиме по изборите. Но, дека јас ќе одам во Пустеци јас ќе ја продолжам политиката на издавање на македонски државјанства што секојдневно доаѓаат од соседните држави, дека тој процес ќе го продолжам и дека никој не може да го запре тој македонски од, таа желба на Македонците да имаат македонско државјанство, со вакви некои ситни провокации од стилот дека нема да ми дозволат да влезам во Албанија, тоа мислам дека нема да се случи.“
XS
SM
MD
LG