Достапни линкови

logo-print

Приштина: УНМИК не добил барање за екстрадиција на лидерите на ОВК


УНМИК не го добил барањето за екстрадиција на понашените лидери на ОВК на Белград, изјави порпаролот Сузан Мануел. Таа додаде дека едиствено надлежен за воените злосторства на Косово е хашкиот трибунал. До ова доаѓа откако српската влада побара од УНМИК да ги уапси и екстрадира во Белград лидерите на поранешната ОВК – Хашим Тачи, Рамуш Харадинај и Агим Чеку. Српскиот министер за правда Владан Батиќ изјави дека тие се обвинети за тероризам, вооружено востание и геноцид.
XS
SM
MD
LG