Достапни линкови

Прага: Откриени празни ковчези во метро станицата Мустек


Во потопената од поплавите метро станицата Мустек во Прага се откриени празни ковчези, пишува Млада Фронта днес. Во водата во најголемата метро станица во Прага пловеле ковчези од подземна мртвачница по уривањето на еден поврзувачки зид. Имено метро станиците во Прага, според весникот, биле така дизајнирани и изградени да служат како бункери во воено време. Во нив имало определено место и за мртвечници.
XS
SM
MD
LG