Достапни линкови

Николас Бигман, амбасадор на НАТО. Изборите треба да означат почеток на нов период во Македонија


Вообичаено слушаме од актерите во изборниот процес дека овие избори се од историско значење. Кое е вашето мислење за значењето за претстојните избори?

Јас мислам дека овие избори се исклучително важни. Зошто? Бидејќи се претпоставува дека тие треба да бидат крај на еден период на криза и последиците од неа и, се надеваме, почеток на еден нов период во кој Македонија ќе може навистина да погледне кон иднината и да заборави што се случуваше минатата година.

Може ли да ја прецизирате улогата на НАТО војниците за претстојните парламентарни избори?

НАТО војниците за време на изборите ќе имаат скромна улога. Во поранешните кризни области ќе дејствуваат како и досега. Ги има седумстотини и нивниот мандат е да ги заштитат или да им дадат дополнителна заштита на набљудувачите на мегународната заедница.
Во преостатанатиот дел на Македонија, каде што НАТО вообичаено не оперира, тие ќе дејствуваат само во итни случаи, бидејќи низ земјава ќе има околу 800 набљудувачи и ако некој од нив е постар можно е да има срцев удар и ќе му биде потребен транспорт до болница и во ваков или сличен случај ќе се побара хеликоптер за да се префрли лицето.
Причината зошто ќе има неколу џипа со НАТО војници кои ќе ротираат низ земјава три недели е за да се знае каде ќе има потреба од хеликоптер за да му се даде помош на одредено лице. Околу една недела пред изборите ова извидување ќе биде завршено и мал број на НАТО војници ќе бидат сместени во воени бараки во Штип и Битола и ќе дејствуваат само ако има инциденти. Во принцип ова е тоа што НАТО ќе го прави, но безбедноста на мониторите пред се ќе биде во надлежност на македонскиите власти и НАТО ќе интервенира само во случаите кога тие нема да можат да го направат тоа што е неопходно.

Изборната кампања веќе започна. Што велите за политичката атмосфера во Македонија?

Па тоа е нормален вид на предзборна атмосфера. Но, мој впечаток е дека навистина ситуацијата е прилично мирна и дека нема закани по ничија безбедност во овој период, иако одвреме навреме има закани од вооружени екстремни албански групи кои доагаат од Косово. Од агол на КФОР, кој може да ја процени оваа ситуација, нема закани од албански групи од Косово во овој период. Понекогаш има обиди за инциденти како што видовме во минатиот месец на патот Тетово Скопје близу Желино. Овие обиди беа неуспешни , бидејќи оние кои требаше да буидат испровоцирани реагираа многу зрело. Не верувам дека овие работи би се повториле. Мислам дека целото население, со мали исклучоци, сака фер и демократски избори, и мислам дека тоа и ќе се случи.

Споменавте дека нема закани од екстремистички групи во оваа фаза. но, дали може да очекуваме во иднина?

Не пред изборите. Имаше една група, која го присвои името армија на република Илирида . Нивната подршка е уништена од КФОР. Тие кои беа битни во таа неважна група се уапсени и во овој момент никој не гледа дека некој би можел да го заземе нивното место. Можеби има луге кои ја поминуваат границата , но тие не се вистинска закана. Секако тие мали групи немаат поддршка од населението во тетовскиот регион и во Скопска Црна Гора.
XS
SM
MD
LG