Достапни линкови

Зголемена активност на политичките партии


Во предизборниот период во Mакедонија се чувствува тензија и има поголема предизборна активност на политичките партии за разлика од претходните изборни циклуси, вели претставникот на Меѓународниот републикански институт за Македонија, Крег Симпсон.

„Очигледно на изборите во 1999 и 2000 имаше проблеми на изборите и со оглед на тоа како и минатогодишната криза нормално е луѓето да се загрижени што ќе се случи на денот на изборите. Генерално мислам дека тензикјата се должи на стравот на лугето отколку на реални закани.“

Симпсон посочува дека на минатите избори имаше насилство . Со оглед на ова тој вели дека е важно партиите да сфатат дека на денот на изборите полицијата е одговорна за безбедноста на глаасчите, оние кои ги спроведуваат изборите и воопшто за редот на избирачките места. Претставникот на Републиканскиот институт им порачува на политичките партии и нивните активисти дека нема место за насилство во изборниот процес и дека е многу важно во земјава претстојните парламентарни избори да бидат фер и демократски.

Во ИРИ велат дека тие ќе имаат 12 тима од по двајца кои ќе го следат гласањето на 15 септември

„Тоа ќе биде повеќе традиционална набљудувачка мисија која е многу слична со мисијата на ОБСЕ и ОДИХР, иако е одвоена од нив, има сличен мандат, само да набљудува и потоа да даде оценка за изборниот процес.“
XS
SM
MD
LG