Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Состанок на Буш со врвните лица на националната безбедност


Американскиот претседател Џорџ Буш денеска ќе одржи состанок со врвните лица на националната безбедност за актуелната војна против теророт. Според официјални извори, на состанокот нема да се расправа за воената акција против Ирак туку за модернизација на американските сили и заштитниот систем од ракетни напади врз Соединетите држави. Пентагон инаку негира дека три неделната воена вежба Милениумски предизвик 2002 во која учествуваат 13.500 американски војници е тест за новите стратегии и опрема на армијата за да се обезбеди успехот во новите операции.
XS
SM
MD
LG