Достапни линкови

Отфрлена одговорноста за злоупотреба на потписот на Мемети


Заменик министерот за правда Вељановски денеска ја отфли одговорноста дека тој го злоупотребил потписот на Мемети на списокот во кој беа вметнати 3,500 спорни лица и застана во одбрана на МВР.

„Значи, сите лица коишто се државјани, коишто имаат извадено лична карта или пасош до јавниот увид, треба да бидат впишани во избирачкиот список. Министерството за правда нема надлежност да биде инспекциски орган и да не признава документи од валиден орган како МВР.“

рече Вељановски. Според него не е спорно ниту е сигнал за фалсификат тоа што сите овие 3,500 лица се водат на адреса на една иста улица каде се наоѓа зградата на МВР оти на таа улица имало и други објекти вели Вељановски и додава:

„Има дрги случаи, каде што на пример некој извадил лична карта до адресен податок, не мора да е Димче Мирчев б.б., а во тој момент објектот е рушен.“

Освен ваквите аргумнти со кои тој ја оправдуваше постапката на МВР за издавање лични карти на лицата од Пустец Вељановски го обвини министерот за правда дека издејствувал во избирачкиот список во Кичево да биде запишан претставникот на поранешната ОНА Фазли Велиу кој немал лична карта.

„По интервенција од највисоко ниво и со закани натерана е началничката на подрачната единица Кичево на ново решение во коешто се прифаќа барањето на Фазли Велиу за да се запише во единствениот избирачки список.“

Замник мнистрот за правда го упати Мемети по примерот на комисијата што ја формирал за проверка на адресите на лицата од Пустец да формира нова комисија и да провери дали на лицата од Косово на кои во времето на СДСМ им биле издадени државјанства навистина имаат станови.

Освен што го релативизираше обидот за фалсификат со вметнување на лицата од Пустец во избирчкиот список Вељановски рече дека неосновано се споменувало неговото име. Тој ја префрли одговорноста дека е злопотребен потписот на Мемети и рече дека во прашање била стандардна процедура меѓу заводот за статистика и подрачната единица на министерството за правда во општината Центар.
XS
SM
MD
LG