Достапни линкови

Отфрлени обвинувањата на министерот Мемети


Државниот Завод за Статитика во целост ги отфрли обвинувањата на министерот за правда Иџет Мемети дека го злоупотребил неговиот депониран потпис и направил фалсификат во описите на избирачките места.

Министерството за правда како во сите претходни случаи во однос на зголемен број на избирачи во определени избирачки места, така и во овој случај со писмо било информирано за зголемениот број избирачи во избирачкото место 2803 во општина Центар во кое веќе постоела дефинирана улица Димче Мирчев без број, односно адресата на МВР.

Барањето за измена на описот на избирачкиот список Добринка Борисова раководител на секторот за регистри при Државниот Заводот за Статистика го објаснува вака:

„Од министерството за правда добивме одговор да се изврши измена во описите на неколку избирачки места и да се извши распоред на избирачите. На основа на ова известување државниот завод за статистика подготви решенија со скенираниот потпис на министерот што е депониран во заводот за статистика и го достави до министерството за правда. Оверен примерок од ова решение со печат, со архивски број и заверено од раководителот на подрачното одделение општина Центар беше доставено до државниот завод за статистика.“

Ова се случила во времето кога министерот Мемети бил на годишен одмор а него го заменувал заменик министерот Трајко Вељановки.

Добринка Борисова најави дека денеска треба да се печатат изводите од избирачкиот список за гласање на парламентарните избори на Општина Центар, но спорните три илјади и 500-ни лица посочени од министерот за правда нема да бидат внесени во списокот.

„Ќе биде постапено во согласност со последното решение на министерот за правда.“

Во Заводот за Статистика потсетуваат дека не е прв пат адресата Димче Мирчев без број да се најде во избирачки список:

„За прв пат избирач на оваа адреса ни се јавил во 1999 година.“
XS
SM
MD
LG