Достапни линкови

Заводот за статистика негира дека потписот на Мемети бил злоупотребен


Државниот завод за статистика ги отфрли обвинувањата на министерот за правда Иџет Мемети дека по налог од МВР е злоупотребен неговиот депониран потпис за верификација на дополнителни 3,500 гласачи, Македонци од Мала Преспа што неодамна добија пасош од министерот Бошковски. Јавниот обвинител Ставре Џиков побара од Мемети да подготви кривична пријава, а обвинителството секако ќе ја испита работата, вели Џиков. Тој изјави:

„Имав прилика да ја видам изјавата. Не знам како ги изнесе видувањата министерот Мемети во однос на овие изборни процеси, избирачки списоци итн. меѓутоа како и секој државен орган, во счучајов и министерот Мемети, знае каква функција има јавното обвинителство, дали основно, више или јавното обвинителство на Република Македонија. Ако оцени дека има сторени кривични дела во однос на, условно да кажам, фалсификување на избирачките списоци, бидејќи избирачките списоци се јавни документи тогаш должен е да изготви информација, пред се кривична пријава. Таква кривична пријава нема доставено. Обвинителството не може да преземе мерки ако нема кривична пријава, меѓутоа ние ќе провериме да видиме што е тоа. Моите колеги надлежни по предметите ќе ги проверат и тие сознанија или тие реагирања на министерот Мемети.“
XS
SM
MD
LG