Достапни линкови

Жерар Штудман директор на канцеларијата за демократски инситуции и човекови права при ОБСЕ. Македонија може да спроведе фер избори


Вие сте во Македонија пред официјалниот почеток на кампањата. Дали Македонија е подготвена да спроведе фер и демократски избори?

Колку што можам да видам, да, иако капмањата сеуште не е официјално почната. Ние очекуваме зрело однесување од сите политички партии, особено поради тоа што кодексот подготвен од НДИ го потпишаа голем број учесници во изборите. Нашата институција вложува напори во мониторингот.
Нашиот тим е комлетно операционален со 23 долгорочни набљудувачи и 19 мегународни експерти
Во овој период, ако сите се воздржуваат од емоционални и провокативни изјави, нема причина зошто да се грижиме. Особено се надевам дека државните медиуми ќе разберат дека нивната улога е објективно да ја информираат јавноста и граѓаните.

Можете ли да кажете нешто повеќе за работата на 23 монитори кои веќе работат на теренот?

Нивната задача е прилично голема. Од една страна тие ја подготвуваат логистиката за околу 750 монитори кои ќе работат во 400 тима, а од друга страна тие треба да контактираат со политичките партии и со органите кои ќе ги спроведуваат изборите.

Споменавте дека ќе има 400 тима, како ќе работат тие ?

Ако има околу 750 монитори на ОБСЕ плус оние кои се веќе овде, како и претставници на Европската Унија, парламентарните собранија на ОБСЕ и на Советот на Европа, сигурно ќе има околу 1000. Тие ќе работат во тимови од по двајца, кои ќе одат од едно до друго гласачко место, а дополнително на чувствителните места ќе има перманентно присуство.

Која е вашата порака до учесниците во изборниот процес?

Па тие покажаа, и Македонија покажа во 1996 и 1998 дека во оваа земја може да има пристојни избори. Ние знаеме дека има добро ниво на политичка зрелост кај нив. Им порачуваме дека Европа гледа. Политичката зрелост на државата значи и нејзина побрза интеграција кон европските структури.
XS
SM
MD
LG