Достапни линкови

Се оспорува кредибилитетот на Џозеф


По презентирањето на извештајот на МКГ со показатели за постоење на корупциски скандали во високите нивоа на државата партиите во власта реагираат со контра обвинувања за кредибилитетот на претставникот на МКГ Едвард Џозеф

Тој беше еден од најголемите лобисти за независно Косово, човек кој што во 2001 година албанските терористи ги опишуваше како борци за човекови права и слободи, дека е еден најдобрите пријатели на Али Ахмети“

рече Владимир Ѓорчев портпарол на ВМРО ДПМНЕ кој извештајот на МКГ го оценува како нарачан од страна на опозициониот СДСМ

„Она што не е јасно - а мислам дека може да се одговори на тоа прашање со еднја поопстојна анализа – е која е врската на господинот Џозеф со СДСМ“

Слична на оценката на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ е и онаа на партнерот во власта ДПА. Коментирајќи ги сомневањата за корупција во тутонскиот бизнис по пат на меѓуетничка соработка во шверцувањето Бедредин Ибраими рече:

„Тој шверц не е таков за да се обелодени токму во предизборната кампања. Мислам дека тој извештај е дело на опозицијата, пред се на СДСМ и е нарачан од друга страна.“

Тој како и Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ за оценката на МКГ дека во Македонија има ендемска корупција коментираат дека е тоа проблем на сите земји. Ѓорчев додаде дека во регионот Македонија со исклучок на Грција е земјата каде што има најмал степен на корупција.
XS
SM
MD
LG