Достапни линкови

Европа: Сто загинати во поплави низ континентот


Сто луѓе загинале во поплавите и луњите што ја зафатија Европа и Русија последнава недела. Поплавите продолжуваат да и се закануваат на Германија, Словачка и Чешка. По вчерашниот врв на поплавата на реката Влтава во Прага се евакуирани 50 илјади луѓе. Надоаѓањето на реката Елба на северот на Чешка предизвика оштетување на гасоводот, а во Дрезден ситуацијата е драматична бидејќи Елба сеуште надоаѓа. Во главниот град на Словачка - Братислава е прогласена вонредна ситуација бидејќи водите на Дунав го достигнаа највисокото ниво во последниве 500 години.
XS
SM
MD
LG