Достапни линкови

Скопје: Трајковски побара фокусирање на економските и социјални проблеми во кампањата


Македонскиот претседател Борис Трајковски во обраќањето по повод утрешниот официјален почеток на предизборната кампања побара од партиите во неа да се фокусираат на решавање на социјалните и економски проблеми на земјата и намалување на криминалот и корупцијата и да не се занимаваат со меѓусебни обвинувања. Сигурен сум дека никој нема да профитира доколку политичката кампања се претвори во борба меѓу партиите и лидерите за да се докаже кој е поголем патриот или кој повеќе се грижи за Македонија – изјави македонскиот претседател.
XS
SM
MD
LG