Достапни линкови

Порака за фер и демократски избори


Со порака за демократски избори денеска во земјава пристигнува директорот на Канцеларијата за демокрaтски институции и човекови права при ОБСЕ, амбасадорот Жерар Штудман. Пред претстојnите параламентарни избори закажани за 15 септември ова е уште едно потсетување од мегународната заедница до актерите во изборниот процес дека е неопходно тие да се однесуваат според демократските правила

Амбасадорот Штудман ќе ја искористи посетата пред почтокот на изборната кампања за да побара од учесниците да водат фер политички натпревар. Тој ќе се консултира со властитите и ќе види какви се подготовките за претстојните парламентарни избори

изјави портапролот на ОДИХР, Џенс Ешенбахер. Штудман за време на посетата на Македонија, од денеска до петок, ќе се сретне со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, со првиот човек на СДСМ, Бранко Црвенковски, како и со претставници на партиите од албанскиот политички блок.

Инаку ОДИХР воспостави широка мисија за набљудување на целиот изборен процес. Мисијата ги спроведува активностите со помош на 19 мегународни експерти во штабот во Скопје и 23 долгорочни набљудувачи распоредени низ земјава. Пред денот на изборите пак пристигнуваат околу 750 среднорочни и краткорочни набљудувачи.
XS
SM
MD
LG