Достапни линкови

Метеорски дожд


Астролошката појава што луѓето популарно ја нарекуваат како „паѓа звезда“ ќе биде особено атрактивна вечер кога според најавите на астрономите ќе биде видливо паѓањето на околу стотина метеори на час. Ова е последица на метеорскиот дожд наречен персеиди кој што ќе го достигне својот максимум.

„Граѓаните на Скопје ќе можат да набљудуваат и од самиот град. Ќе ги видат посјајните и поатрактивни метеори. Доколку е ведро, би препорачал излегување надвор од градот каде што може да се помине една навистина убава веќер гледајќи ги ѕвездите.“

вели Ванчо Стојковски член на скопското астрономско друштво.

Периодот кога појавата над нашето небо ќе биде највидлива е во 22 часот вечерта и во полноќните часови.

Инаку метеорските роеви се вообичаена појава . Тоа се група мали честички песок - остатоци од некогашните или сегашните комети што кружат околу сонцето и што кога ќе се приближат кон земјата паѓаат со голема брзина,а во високоите слоеви на земјината атмосфера се тријат со воздухот се палат и горат. Ние горењето го гледаме како светла трага на небото.

Секоја вечер на небото се забележуваат две до три паѓања на метеори додека во перодот на метеорски роеви каков што е сегашниот може да падната до сто метеори на час.

Но во случај на дожд овој феномен ќе може да се набљудува само со посебни инструменти.
XS
SM
MD
LG