Достапни линкови

logo-print

Пожар во две куќи на Македонци


Во две куќи во Арачиново чии што сопственици се Македонци доцна синоќа беше подметнат пожар.

„Запалено е приземјето долу, тука имаше фрижидер, шпорет, кревет, маса – сето тоа е запалено и уништено. Тоа е катастрофа.“

објаснува Горан Стојановски кој со своето семејство сеуште претстојува во еден од колективните центри во Скопје поради проценка дека не постојат безбедносни услови за да се врати во селото. Последен пат во куќата во Арачиново тој бил пред четири месеци.

Градоначалникот на општина Арачиново, Решат Ферати го осудува опожарувањето на куќите на Македонците во селото

„Секако, ова е лоша појава, било од која страна да биде наметната. Во ова време се е можно и не се знае од која страна е подметнато, поради тоа што тие граѓани дење доаѓаат и седат тука а навечер се враќаат в град и кога куќата е сама се е можно да се случи, а е незгодно за нас тука, за сите граѓани. Тоа е лоша појава.“

Тој посочува дека полицијата направила увид на местото.
XS
SM
MD
LG